Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Прилози

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Нема да има толеранција за младите деликвенти, ќе се воспоставува стабилен систем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема да има толеранција за младите деликвенти, ќе се воспоставува стабилен систем за спречување на врсничкото насилство. Град Скопје и Министерството за образование влегуваат во заедничка битка против учениците кои решение за нешто бараат во насилството. Министерката Весна Јаневска вели дека постои комуникација со градските власти и се работи на планови кои нема да бидат само моментални и на хартија, туку ќе предизвикаат целосно справување со овој проблем.  

-Во овој момент разговорите со Град Скопје се одвиваат меѓу службите, ќе се договориме со градоначалникот, се што треба понатаму да спроведуваме. Јас реков дека тоа ќе бидат континуирани проекти, за да не бидат само проекти како проекти, туку да се воспостави еден стабилен систем, кој континуирано ќе делува во спречување на врсничкото насилство, изјави Јаневска.

Последниот тежок случај на врсничко насилство, во кој 13 годишно момче беше прободено со нож од свој врсник, предизвика најави за уште построги мерки за справување со овој проблем. Јаневска вели дека покрај во градот Скопје,за овој проблем се работи низ целата држава. Според неа оваа Влада како ниту една претходно презема мерки за справување со врсничкото насилство.

Реклама

-Ние преземавме исклучително многу активности во сузбивање на врсничкото насилство, што до сега и не било така и ова е прва Влада која обрна толку многу внимание на врсничкото насилство. Преземавме проекти, преземавме законски измени, презамвме промени во училиштата во однос на распоредот на наставниците, грижата. Дури и казни за оние, само ве потсетувам за оние родители чии деца ќе повторуваат врсничко насилство, изјави Јаневска.

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓоргиевски кажа дека се подготвува еден поголем сет на мерки заедно со Министерството за образование, што долг рок ќе предизвика справување со овој проблем.Тој додаде и дека во изработката на платформата се вклучени експертски тимови кои ќе работат со учениците, но и со нивните родители.

Матеја Петровски