Повеќе шанси за родителство- повеќе барања за инвитро .Само за една година, до Фондот за здравство пристигнале 1.883 барања, од кои 237 се за четврти, петти или шести обид – можност која претходно не беше на товар на Фондот. Најмногу има за четврти обид 216 барања, 17 за петти, а четири барања се за шести обид. Зад овие бројки стојат семејства кои добиле можност да продолжат таму каде што претходно поддршката од Фондот завршувала. Од Здружението ,,До бебе по пат на Инвитро” ја поздравуваат веста на Фондот за бројките кои во изминатава година се во голем број за новата можност до шести обид за инвитро.
-Тоа беше главната цел на здружението да се зголемат бројот на ваучерите и таа бројка укажува колку била потребна таа промена на законот нели за да паровите кои што се оочуваат со репродуктивни предизвици да можат да имаат подобри услови и поддршка во таа борба-истакна претседателката на Здружението ,,До бебе по пат на иннвитро”‘ Деспина Петровска.
Додаваат дека оваа бројка укажува дека се повеќе луѓе се борат со дибивање на потомство. Ова ќе придонесе и за зголемување на наталитетот бидејќи голем е бројот на парови се борат со овој проблем.

– Ова значи повеќе обиди, ова значи шанси за остварување на родителство, значи дека ќе имаат можност на Фондот уште три шанси и се надеваме дека тие обиди ќе вродат некако со плод и ќе имаме позотивни успеси од инвитро постапката– -истакна претседателката на Здружението ,,До бебе по пат на иннвитро”‘ Деспина Петровска.
Инаку реформата не е само во зголемниот број на обиди туку и во поедноставување на постапката.
„Постапката беше дополнително поедноставена со воведување електронска достава на известувањето за одобрено право на БПО, рокот за поднесување приговор беше продолжен од 8 на 15 дена, а осигуреното лице здравствените услуги за БПО ги остварува врз основа на известување од Фондот, без потреба од дополнителен упат од избран лекар – гинеколог од примарната здравствена заштита“, велат од Фондот.
Постапките се извршени во осум здравствени установи со кои Фондот има случено договори. Само во 2015 се реализирани повеќе од 97,3 милиони денари. Ова е многу значајно во услови кога демографијата е голем предизвик. Намален е наталитетот а населението стареe.
– Здравствениот систем сам не може да ги промени демографските текови, но може да направи нешто многу конкретно – да обезбеди повеќе можности и финансиската пречка да не биде причината поради која едно семејство ќе мора прерано да се откаже од обидот за потомство. Токму во тоа е суштината на зголемувањето од три на шест БПО обиди., велат од ФЗО.
За семејствата кои со години се обидуваат да станат родители, секој нов обид значи нова надеж. Пред една година беше направена една од позначајните промени во остварувањето на правото на ин витро на товар на Фондот и бројот беше зголемен од три на шест обиди.
