Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Спикерот Гаши крена рачна: Нема да му дозволи на Ахмети да го злоупотреби Собранието за да стигне до избори

Ахмети можеби ќе проба, но Гаши нема да му дозволи да предизвика…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ахмети можеби ќе проба, но Гаши нема да му дозволи да предизвика криза и да се оди на избори. Собраскиот спикер најави дека има намера да се спротивстави на планот на ДУИ да го блокираат донесување на енколку клучни закони со што Собранието би цлегло во политичка криза и единствен излез би било распишување на предвремени парламетнарни избори. За него, планот на пратениците од ДУИ со разни процедруални игри да ја нарушат работата на собранието е злоупотреба на Деловникот, и затоа побара надлежната комисија да пресуди дали се прекршршуваат правилата за работа.

  • Јас ја свикав Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и да го разгледаат моето барање и да обајснат на што точно се мисли кога се бара процедурално. „Жан Моне“ процесот траеше седум години и главна тема на „Жан Моне“ процесот беше да нема филибастеринг на Собранието. Сите политички партии учествувале во тој дијалог, заедно со Европскиот парламент, и сме се согласиле дека нема да има блокади и сме се договориле за кои пет закони треба да има консензус“ рече Африм Гаши – Претседател на Собрание.

Според Гаши, разговори за изгалсување на законите за ккои е потребно бадетерово мнозинство постојат, но тврди дека до него не стигнале никакви барања од опозициската ДУИ. На готовс чекаат законот за правична застапеност, високо образование како и тој за локална самоупорава. Според Гаши сите ќе бидат ставени на гласање, но исходот ќе зависи од гласањето на интегративците.

  • Ова прашање има повеќе политичка димензија отколку процедурална. Во својство на претседател на Собранието се обидувам ги преземам сите мерки. Јас сум во контакт со сите пратенички групи. Се обидуваме да дојдеме до решение. Ако прашањето навлегува во политичката сфера тогаш на друго политичко ниво се разговара. Се согласувам дека ова прашање треба да се реши, но оставам на политичките актери да го решат“ – рече на брифингот со новинарите претседателот Собранието.

По летниот одмор, нема промени во пратеничките групи ниту пак некој пратеник побарал самостојно делување. Закажани се две седници,а се очекуваат и новите закони од реформската агенда кои треба да се донесат до крајот на годината.

Реклама

Собранискиот спикер за евентуална лидерска средба, вели дека треба да стане правило и власта и опозицијата постојано да разговараат за сите државни прашања.