Реклама

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Прилози

Службените возила на Град Скопје ќе добијат „Џи-пи-ес“ тракери

Нема веќе аздисување со службените возила на град Скопје – на сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема веќе аздисување со службените возила на град Скопје – на сите ќе им биде инсталиран „џи-пи-ес„ тракер, со кои во реално време ќе се контролира каде се наоѓа секое возило, по која маршута се движи, со која брзина и колку време е во движење, па дури и преку специјални сонди ќе се контролира колку гориво се троши. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски вели дека целта за воведување на оваа новина не е само да се спречи злупотребата, туку и да се заштеди преку избегнување на непотребни трошоци.

„Секое возило, секој километар и секој литар гориво мора да има оправдување.Ова е систем на одговорност и затоа сакаме со сопствен пример да покажеме дека Град Скопје максимално го штити буџетот на граѓаните и дека функцијата не е привилегија, туку обврска.“, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Како споредба дека градот повеќе штеди откако се смени власта, Ѓорѓиевски, го посочи примерот со ЈСП „Скопје“, кое само во првите шест месеци од годинава заштедило околу половина милион евра за гориво. И тоа парите се заштедени иако во сообраќај биле вклучени дополнителни 50 возила во споредба со истиот период минатата година. Од Град Скопје очекуваат дека на ваков начин не само што ќе се спречат злупотреби и ќе се заштеди, туку и ќе се воведе ред и поголема одговорност со управувањето со парите на граѓаните. Ѓорѓиевски вели дека секој заштеден денар ќе се пренасочи кон подобрување на градската инфраструктура и подобрување на условите за живот на скопјани. Според најавите, заштедите треба да значат поголем буџет и за градските паркови, јавниот превоз, улиците, училиштата и културата.