Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Свет

Трамп им се заканува на продавачите на гориво со „сериозни проблеми“ доколку не ги намалат цените

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги предупреди продавачите на гориво веднаш да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги предупреди продавачите на гориво веднаш да ги намалат цените или да се соочат со „сериозни проблеми“.

„Продавачите на гориво мора да ги намалат своите цени, СЕГА“, напиша Трамп на својата платформа „Тру соушал“.

„Нема да има зголемување на цените, што е целосно нелегално. Ако продавачите не го сторат тоа, тие се во голема неволја! Почнете да се стремите кон речиси 2,50 долари за галон (3,785 литри)“, додаде тој.

Реклама

Трамп минатата недела изјави дека му наредува на Министерството за правда да ги истражи нафтените компании за тоа што не ги намалиле малопродажните цени на горивото во согласност со падот на цените на суровата нафта обвинувајќи ги компаниите дека претеруваат со натплаќањето на гориво од потрошувачите.

Цените на нафтата се зголемија оваа година откако САД и Израел почнаа напади врз Иран кон крајот на февруари, а Иран одговори со свои напади врз Израел и земјите од Персискиот Залив, каде што се наоѓаат американските бази.

Потрошувачите изразија загриженост за високите цени на горивата бидејќи претседателот и неговата Републиканска партија се обидуваат да задржат тесно мнозинство во Конгресот на среднорочните избори во ноември.

Среднорочните избори, така наречени бидејќи се одржуваат на половина од претседателскиот мандат, традиционално се еден вид референдум за актуелниот претседател и речиси по правило партијата на власт во Белата куќа ја губи моќта во Конгресот.

Дипломатијата меѓу Вашингтон и Техеран за прекин на конфликтот неодамна доведе до делумно намалување на малопродажните цени на горивата за Американците.