Реклама
Македонија

473 македонски државјани затекнати во загрозените подрачја досега ги контактирале ДКП-ата во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Од почетокот на конфликтот до денеска вкупно 473 македонски државјани контактирале со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од почетокот на конфликтот до денеска вкупно 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби, информира Министерството за надворешни работи.

-Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се јавиле во Конзулатот Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 луѓе од Бахреин – соопшти МНР. Согласно информациите добиени од надлежните институции, во моментов сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за македонските државјани кои се наоѓаат во Катар и во Обединетите Арапски Емирати. Како што наведуваат од Министерството, евакуацијата ќе започне при првата безбедна можност, а веќе се разгледуваат конкретни опции за нивно безбедно извлекување веднаш штом условите тоа ќе го дозволат. Во однос на македонските државјани кои престојуваат во Израел, од МНР посочуваат дека активно се анализираат можните алтернативи за нивно безбедно напуштање на земјата. Министерството повторно апелира до сите државјани на Македонија да се воздржат од непотребни патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток.