Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Прилози

„10 крави“ наместо аргументи: Филипче пак удри по Митовски- пред шест месеци беше негов кандидат, сега го прогласи за неспособен

Венко Филипче не верува ниту во своите избори, пред шест месеци го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче не верува ниту во своите избори, пред шест месеци го кандидираше за градоначалник, а сега го прогласи за неспособен. Откако завчера првично го нападна, вчера го прогласи за ВМРО-вец, денеска почна и да го навредува, не можел да исконтролира 10 крави. Лидерот на СДСМ ја продолжува отворената кавга со првиот човек на Крива Паланка, Сашко Митовски. Неговиот грев е што поради рудникот за антимон, интересот на граѓаните, го ставил над партискиот интерес на Бихаќка. Поради тоа според Филипче, Митовски одработувал за ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски.

-Граѓаните викаат како може еден градоначалник кој што не може 10 крави да исконтролира, утре ќе контролира таков рудник, тој со 10 крави не може да се справи. Сега таков рудник ќе контролира во близина на Крива Паланка. Воопшто не е битно, тој случајно е градоначалник од СДСМ, во контекст на од која партија и да беше на и од која партија да беше, нашите барања ќе беа исти, изјави Филипче.

И покрај тоа што трет ден директно го напаѓа само еден од шестте градоначалници од својата партија, Филипче се уште лично не се ни обидел да стапи во контакт со Митовски. Само уште еднаш потенцираше дека мора да има референдум за рудникот.

Реклама

-Тој има обврска да ги праша нив, ако е вистина дека има информации, барање од граѓаните, што бараме ние, токму тоа, ама формата е референдум, ќе не прави референдум за рудникот, ете тоа треба да се направи во Паланка, изјави Филипче.

Митовски потенцира дека референдум ќе има доколку таква иницијатива дојде од општината и советот, но бидејќи овој проект се уште е на самиот старт, прво треба точно да се види какви планови има инвеститорот.

-Пред се граѓаните треба да бидат транспарентно запознаени за процесот, технологијата, начинот, намерите на компанијата и се останато. Видете ние сме во постапка која што е само на својот појдовен старт, изјави Митовски.

Со оваа кавга, Митовски станува дел од се поголемиот список на функционери на СДСМ, кои поради тоа што не го слушаат слепо својот лидер, тој ги прогласува за вмро-овци. На тој список веќе подолго време е Јован Деспотовски, а последниов период влезе и Петре Шилегов.

Матеја Петровски