Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

ЈП Комунална хигиена – Скопје отстрани диви депонии на пластичарска улица и во Старата скопска чаршија

Екипите на ЈП Комунална хигиена – Скопје отстранија две обемни диви депонии…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екипите на ЈП Комунална хигиена – Скопје отстранија две обемни диви депонии лоцирани на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) и во Старата скопска чаршија, информираат од јавното претпријатие.

Локацијата на булеварот Никола Карев, на пресекот со улицата Максут Садик, веднаш до детското игралиште, како што велат од ЈП Комунална хигиена – Скопје претставува „црна точка“ каде што континуирано се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини.

-ЈП Комунална хигиена – Скопје во текот на своите последни активности на оваа локација отстрани приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад. По подигнувањето на отпадот беше извршено машинско миење на просторот со употреба на автоцистерна. Втората поголема интервенција за расчистување диви депонии беше реализирана во Старата скопска чаршија, каде што беа подигнати 20 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, градинарски и кабаст отпад во непосредна близина на културно-историскиот локалитет Куршумли ан, кој претставува културно наследство од особено значење за државата, се вели во сооштението од јавното претпријатие.

Реклама

Само во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена – Скопје подигнале и транспортирале 575 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

Секое одлагање отпад надвор од наменски поставените садови, потсетуваат од ова јавно претпријатие, претставува кршење на Законот за јавна чистота и директно ја загрозува животната средина и јавното здравје.