Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Јавен обвинител со предлог притвор за битолчанец осомничен за малтретирање матурантка

Основното јавно обвинителство – Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец, за кого…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство – Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – „телесна повреда“ и „противправно лишување од слобода“.

– Осомничениот на 23 мај во раните утрински часови, противправно ја затворил, ја држел затворена и телесно ја повредил 18-годишната девојка со која биле во блиски лични односи. Додека оштетената се враќала од матурската прослава, ја пресретнал со автомобилот. Таа влегла внатре, по што осомничениот почнал да вози, ѝ го зел мобилниот телефон и не ѝ дозволувал да замине. Оштетената го молела да ја пушти да излезе и кога запреле на една локација, се обидела да го напушти возилото. Но, осомничениот тргнал по неа и започнал да ја удира. Ја внел повторно во автомобилот и продолжил да ја удира и со тупаници, предизвикувајќи ѝ телесна повреда и крварење од носот. Девојката успеала да се ослободи и од случаен минувач да побара помош – информира Обвинителството.

Имајќи ја предвид опасноста од бегство, фактот дека осомничениот и претходно се јавувал како сторител на насилство и други кривични дела и  насилничкиот и контролирачки порив кон младата жртва, на што укажувал начинот на извршување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола, доставил предлог за определување мерка – притвор.