Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

„Супер вторник“ за проширувањето на ЕУ: Албанија затвора поглавја, Црна Гора во завршна фаза

Европската комесарка за проширување, Марта Кос, прогласи дека денеска е „супер вторник“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската комесарка за проширување, Марта Кос, прогласи дека денеска е „супер вторник“ за проширувањето на Европската Унија, поради одржувањето пристапни конференции со четири земји кандидати во ист ден.

Кос на платформата „Икс“ објави дека за првпат по повеќе од 20 години се одржуваат толку пристапни конференции во еден ден. На денешните конференции учествуваат Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија. „Нашите предводнички Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора прават големи чекори напред“, наведе Кос, додавајќи дека Црна Гора е на чело на колоната како најнапредна земја во пристапните преговори.

Еврокомесарката посочи дека Украина и Молдавија го отвораат Кластерот 6, што ги опфаќа областите како одбраната и безбедноста, каде, според неа, аргументите за нивното членство во ЕУ се особено силни.

Реклама

„Албанија ќе ги затвори своите први поглавја, а Црна Гора е цврсто во завршната фаза на формалните преговори, со затворени 18 од вкупно 33 поглавја“, додаде таа. Кос нагласи дека денешниот моментум мора да се претвори во „конкретни резултати на терен“.