Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Сали во Украина ќе учествува на Самитот Украина – ЈИЕ

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска пристигна во Киев каде ќе учествува на Самитот Украина – Југоисточна Европа, кој се одржува по повод Денот на државноста на Украина – информираат од МЕП.

По пристигнувањето во Украина, министерот Сали бил пречекан од заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Олександр Мишченко, амбасадорот на Македонија во Украина, Димитар Блажевски, како и од претставници на Министерството за надворешни работи на Украина и други високи официјални претставници.

-Учеството на првиот заменик-претседател на Владата на овој Самит претставува потврда на континуираната поддршка на Македонија за Украина, нејзиниот суверенитет, независност и територијален интегритет, како и за нејзината европска перспектива – велат од Министерството.

Реклама

За време на престојот во Киев, министерот Сали ќе учествува на пленарната сесија на Самитот Украина – Југоисточна Европа, каде што ќе ја реафирмира подготвеноста на Македонија да продолжи со поддршката за Украина и да го сподели своето искуство и експертиза стекнати во процесот на европската интеграција.

Самитот, нагласуваат од МЕП, ги обединува лидерите и високите претставници од Украина и земјите од Југоисточна Европа, со фокус на зајакнување на регионалната соработка, поддршката за Украина и унапредувањето на нејзината европска агенда.