Реклама

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Македонија

Поднесено обвинение против поранешниот директор на СОЗР: За приватни цели го користел владиниот авион и трошел службени пари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против  поранешниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против  поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Пеце Мирчевски за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, во периодот од 03.07.2021 до март 2024 година го злоупотребил службеното својство како директор, ги пречекорил службените овластувања и без да постои основ за упатување на службен пат надвор од земјата, за себе и за повеќемина вработени во СОЗР потпишувал решенија и патни налози за патување. За приватни потреби и без да постои основ го користел владиниот авион Лирџет 60, а при патувањата од сметката на СОЗР се вршени плаќања по разни основи. Освен тоа, за хотелски и угостителски услуги обвинетиот неосновано користел средства од службената картичка издадена на негово име.  На тој начин го оштетил Буџетот на СОЗР за значителен вкупен износ од 2.562.139 денари, соопшти Јавното обвинителство.

Во периодот од 27.10.2023 до 14.06.2024 година тој не ја извршил својата службена должност со намера да прибави имотна корист за друг, односно за пилотот вработен во СОЗР. Иако лично присуствувал на состанокот „Flight Safety Atlanta“ и бил информиран дека пилотот и со дополнителните обуки нема да ги исполни прифатливите стандарди потребни за летање со Лирџет 60, тој не го задолжил пилотот согласно Договорот за вработување да ги надомести трошоците за обуката и не го известил надлежниот сектор за да му го прекине работниот однос. Пилотот продолжил да зема плата за работно место капетан-водач на воздухоплов, а со оваа злоупотреба на службената положба обвинетиот предизвикал штета на Буџетот од 5.431.624 денари.

Реклама

Кривичното дело Фалсификување службена исправа обвинетиот го извршил во постапките за јавни набавки за изнајмување на возила за превоз на делегации и за транспорт на цивилно население од Исламската Република Авганистан во земјава. Сите договори биле склучени со иста рент-а-кар фирма од Скопје, а во службените исправи – изјави за непостоење на судир на интереси, обвинетиот внел невистинити податоци дека нема приватен интерес при реализација на јавната набавка или каква било материјална или нематеријална корист. Наспроти ова, почнувајќи од периодот пред склучување на јавната набавка, за време и по престанокот на неговиот мандат, тој и неговата сопруга користеле возила без надомест од истата фирма за патувања во земјава и во странство.

Во овој дел истрага беше поведена и против сопственикот на правното лице за кривично дело – Давање поткуп од член 358 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Но од доказите прибавени во истражната постапка јавниот обвинител не утврди дека кај него постоела умисла да издејствува поволност при одлучувањето во конкретните тендери преку давање возила без надомест на сега обвинетиот. Од тие причини јавниот обвинител за ова лице донесе Наредба за запирање на истражната постапка, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.