Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Економија

Николоски: Имаме решение за патот за Теферич, Владата ќе го води проектот

Санацијата на свлечиштето на патот за Tеферич во Кисела Вода го презеде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Санацијата на свлечиштето на патот за Tеферич во Кисела Вода го презеде Министерството за транспорт и очекувам следната недела да распишеме тендер за санација и стабилизација – информира денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Министерството го презеде проектот откога е утврдено дека Општината и Градот немаат капацитет за надминување на проблемот со исклучително сериозното свлечиште. Веќе е изработен проект за стабилизација и санација, која се очекува да биде завршена пред почетокот на зимата. 

– Toa e еден голем, исклучително сериозен проблем, имајќи предвид дека се работи за сериозно свлечиште. Гледате дека со автопатите, особено Охрид – Кичево, стекнавме едно такво искуство. Проблематиката е далеку поголема од можностите и капацитетите што ги имаат Општина Кисела Вода и Град Скопје. Затоа премиерот Мицкоски реализира една координација на работна средба помеѓу нас, Општината и Градот. И овој вторник, на седница на Владата, донесовме одлука, со која целокупниот проект го презеде Министерството за транспорт. Веќе имаме изработено проект за стабилизација и санација и очекувам најбргу што може, а тоа е непосредно следната недела, да излезе тендерот за избор на изведувач. Потоа, некаде за месец-месец и пол, кога ќе се избере изведувач, да можеме да работиме на санација и пред почетокот на зимата таа санација да биде завршена, така што целокупната проблематика ја презеде Владата преку Министерството за транспорт – изјави Николоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општна Кисела Вода.