Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Економија

Мицкоски: Следната недела очекувам поголемо намалување на цената на дизелот и бензините, имаме убедливо најниска цена во регионот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува следната недела да има поголемо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува следната недела да има поголемо намалување на цената на дизелот и на бензините откако вчера Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти.

Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за покапувањето, но и за тоа дали се планира некакво намалување на акзиците или на ДДВ-то, истакна дека акцизите се анализираат на секои две недели, а следната анализа е заклучно со 31 август, кога ќе се направи просекот за тој период.

– Знаете дека на секои две недели се анализираат акцизите. Сега завршува втората половина од месецот и веќе в понеделник ќе направиме просек за тој период. Врз основа на тие параметри, ќе се дејствува врз цената на нафтените деривати. Добро е што веќе два дена по ред цената паѓа. Денеска се стабилизира некаде околу 85-86 долари за барел, така што веќе следната недела очекувам поголемо намалување на цената на дизелот и бензините. Она што е важно е дека ова е берзански производ и сите држави купуваат од ист пазар. Ние како држава имаме убедливо најниска цена на дизелот и на безоловниот бензин во регионот, па и меѓу најниските во Европа – нагласи Мицкоски за време на посетата на општина Илинден. 

Реклама

Според одлуката на РКЕ, од полноќ максималната цена на бензинот „евросупер БС-95“ ќе изнесува 93 денари за литар, а „евросупер БС-98“ ќе се продава за 95 денари за литар. Како причина за корекцијата на цените, од РКЕ посочуваат дека референтните цени на светските пазари бележат раст. 

Од РКЕ нагласуваат дека станува збор за максимално утврдени цени и дека трговците на големо и мало може да ги формираат цените на нафтените деривати и на пониско ниво од утврдените највисоки цени.