Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Граѓаните да ја пријават штетата од невремето, Владата ќе обесштети во согласност со законот

Граѓаните што претрпеле штета од невремето треба да ја пријават во општинските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните што претрпеле штета од невремето треба да ја пријават во општинските комисии по што Владата ќе постапи во согласност со законските процедури и ќе обезбеди обесштетувањ -, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на реконструираниот градски базен во Кавадарци, Мицкоски појасни дека општините и нивните институции формираат комисии за процена на штетите.

– Што се однесува до обесштетувањето на граѓаните што претрпеа штета од невремето, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии, граѓаните што имаат штета треба да ја пријават таа штета кај комисиите, тие ќе направат процена и веднаш во комитетот за процена на штети ќе ги достават до Владата, а ние во согласност со законот и праксата ќе интервенираме и ќе ги обесштетиме оние што ќе пријават штета – изјави Мицкоски.

Реклама

Тој упати апел до граѓаните навремено да ги пријават настанатите штети за да може да се спроведе законската постапка за процена и обесштетување.

– Апелирам до граѓаните, оние кои што имаат претпрено штета, да ги пријават тие штети, да излезе комисија, да ја констатира и да добиеме ние како Влада повторно спецификација на тие штети за да можеме да ги обесштетиме – рече Мицкоски.