Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Град Скопје: Нови 60 садници во Градскиот парк – ги санираме последиците од невремето

Во Градскиот парк во Скопје во тек е акција за засадување нови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Градскиот парк во Скопје во тек е акција за засадување нови 60 садници јавор и јасен, информираат од Град Скопје.

-Страшното невреме, проследено со силен ветер со оркански удари, остави тешки последици низ градот, но и во срцето на Скопје, во Градскиот парк. Паднаа голем број дрвја, а беше оштетена и урбаната опрема. Но, ние не дозволуваме последиците да останат слика на нашиот град! По вчерашната голема акција за расчистување, уште денес започнавме со засадување на 60 нови садници јавор и јасен. Тие ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и нов живот во зелената структура на паркот, порачуваат градските власти.

Нагласуваат дека ова е само почеток и додаваат дека ќе го оплеменат Градскиот парк со уште повеќе дрвја, зеленило и нови содржини.

Реклама

-На местото на секое паднато дрво ќе никне нова надеж, а паркот повторно ќе биде уште позелен, поубав и подостоен за скопјани. Паралелно, нашите екипи продолжуваат со санирање на штетите низ целиот град. Невремето може да собори дрвја, но не може да ја собори нашата волја, Скопје да е посилно и позелено од порано, потенцираат од Град Скопје.