Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Прилози

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Потрошиле повеќе од седум милиони евра, 10 години не успеале да го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потрошиле повеќе од седум милиони евра, 10 години не успеале да го завршат проектот, а згора на се и ги измешаа цевките од водоводот и канализацијата. Но, од јавното претпријатие „Комуналец“ Гостивар вината за ваквиот хаос не ја гледаат кај себе. Напротив, други биле криви за тоа што повеќе од една деценија проектот заврши со хаварија. Од општинското претпријатие се правдаат дека немале одговор на барањето за согласност од Јавното претпријатие за државни патишта за проектот кој промени тројца градоначалници. Го започна Невзат Бејта од ДУИ, па го продолжи Арбен Таравари, а се уште не е завршен иако тече мандатот на Валбон Лимани. Реновирањето не е завршено, иако за проектот имаше и донација од Швајцараскиот државен секретаријат за економски прашања и Германската развојна банка.

-Според документацијата и информациите со кои располага ЈП „Комуналец“, околу 98 проценти од предвидените работи се реализирани и тестирани. За изведените активности постојат технички записи, извештаи и видеодокументација. Поради тоа, не е основано целиот проект да се прикажува како нереализиран или како инвестиција без резултат. За целосно оперативно поврзување на системот останува да се изведат работи на околу 600 метри од трасата, на дел за кој е неопходна согласност од Јавното претпријатие за државни патишта, велат од гостиварскиот Водовод.

Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека имало две барања во електронскиот систем, а согласнот не била дадена, бидејќи од гостиварскиот водовод не биле уплатени парите на име такса, што е законска обврска. Додека пак за второто барање, побаран бил проект, кој го нема ниту две години подоцна. 

Реклама

-Во март 2024 година Општина Гостивар има доставено Барање за цевковод за водоснабдување, за кое е изготвен записник од страна на Надзорен орган на ЈПДП, но општината во врска со ова барање до ЈППД нема доставено техничка документација за добивање на дозвола. Од првото барање до сега од Општина Гостивар се нема обратено и доставено друго барање иако ЈПДП и општината имаат остварено повеќе состаноци, велат од ЈПДП.

Инаку, како што кажаа од Швајцарскиот државен секретаријат, проектот е започнат во декември 2016-та и во нивниот дел завршил во декември пред три години. Велат дека сите компоненти од проектот финансирани од нивна страна се завршени, по што проектот бил предаден на јавното претпријатие. Со пректот планирани се инвестиции кои требало да го подобрат водоснабдителниот систем, меѓу кои изградба на три резервораи за вода кај Бањица, Чегран и Здуње.

Инаку, поради нелегално поставување пумпи во одводен канал, при што дошло до мешање на загадена вода од реката Вардар со водата од градскиот водовод, тројца од ЈП „Комуналец“ Гостивар добија 30 дневен притвор. Осомничени за епидемијата во Гостивар се директорката Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот во претпријатието Вадедин Дервиши.

Матеја Петровски