Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прилози

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Намалување на акцизите на дизелот и бензините е една од мерките што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Намалување на акцизите на дизелот и бензините е една од мерките што Владата ја разгледува поради растот на цените на горивата. Премиерот Мицкоски најави и вонредна владина седница на која ќе се анализира состојбата. Од Владата велат дека внимателно ги следат движењата на светските енергетски пазари и дека секојдневно се прават анализи за ефектите врз домашниот пазар. Најавени се сет мерки за да се ублажат последиците од поскапувањето и да се намали товарот врз граѓаните и стопанството.

„Немаме направено калкулација за покачувањата. Ќе има секако, бидејќи нафтата и бензините драматично пораснаа изминатата недела, а и курсот на доларот е малку посилен во споредба со претходната недела. Ние како Влада ја продолживме кризната состојба уште три месеци. Цените се такви што сигурно ќе имаме намалување на акцизите и кај дизелот и кај безоловните горива“, изјави премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.

Последната корекција на цените донесе поскапување од 5,5 денари за литар дизел и 1,5 денар за бензините. Економските аналитичари оценуваат дека Владата располага со повеќе инструменти за интервенција, меѓу кои се намалување на акцизите и евентуални даночни олеснувања, доколку состојбата на меѓународните пазари дополнително се влоши.

Реклама

Од Владата уверуваат дека снабдувањето со нафтени деривати е стабилно и дека резервите се доволни за непречено снабдување на граѓаните и стопанството. Истовремено, посочуваат дека домашниот пазар останува под влијание на глобалните случувања, особено поради неизвесноста на Блискиот Исток, која повторно придонесе за раст на цената на суровата нафта. На меѓународните берзи, нафтата од типот „брент“ во моментов се тргува по цена од над 88 долари за барел, што претставува значително зголемување во кус временски период.