Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Андоновски: Нема да се уништува животната средина за да се градат дата-центри

Нема да дозволиме ниеден негативен ефект врз животната средина за да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема да дозволиме ниеден негативен ефект врз животната средина за да се градат дата-центри. Нема да се сечат дрвја, ниту ќе се дозволат какви било други штетни влијанија врз природата – водата, воздухот, за да добиеме некаков бенефит. Мислам дека тоа беа глуви, назадни зборови и желби на одредени поединци да создадат еден вид лажна хистерија – рече денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Се размислува, информира Андоновски на денешната прес-конференција, дата-центрите да бидат лоцирани во технолошко-индустриските развојни зони, на места на кои веќе има постојни фабрики – браунфилд-инвестиции.

– Постојат дискусии и дебати на темата за поволностите и недостатоците на изградба на поголеми фабрики за податочни центри. Во ниеден момент нема да ја компромитираме животната средина со каква било инвестиција во државата. Секоја градба мора да помине елаборат за животна средина, особено кога станува збор за странски инвестиции и нема да дозволиме да имаме каков било негативен ефект врз животната средина. Во консултација со сите релевантни експерти од ИТ, машинство, индустрија, нема човек што зборува против изградба на центар за податоци. Прашањето е големината и соодветно како тоа ќе има влијание на животната средина, но нема да направиме ниеден чекор што ќе значи злоупотреба на животната средина или добивајќи бенефит од центарот за податоци, да ги загрозуваме водата, животната средина, воздухот… – дециден е министерот.