Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Ангелов: Пожарите во Штип и Пробиштип изгаснати, се истражува дали се подметнати

Чистење на двор или спој на лабави жици меѓу две бандери се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Чистење на двор или спој на лабави жици меѓу две бандери се првичните индиции за причините за пожарот што вчера попладне избувна на тврдината Исар во Штип. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов на денешната прес- конференцијата во Штип вели се уште се утврдува што точно го предизвикало пожарот. Тој додаде дека се истражува и пожарот и кај штипската Млекара, за каде има сомнеж дека пожарот е подметнат. Ангелов апелираше граѓаните да не палат оган на отворено, без разлика дали станува збор за чистење дворови, палење стрништа, расчистување пасишта или подготовка на скара, бидејќи и најмала невнимателност може да предизвика пожар со катастрофални последици. Воедно апелираше, граѓаните доколку забележат разлабавени електрични жици или друг дефект на мрежата, веднаш да го пријават во ЕВН или на бројот за итни случаи 112. 

-Пожарот кој што изби на Исарот имаме индиции дека е настанат поради чистење на двор на некоја од куќите, но исто така има одредени индиции дека настанал поради допирање на лабави жици помегу две бандери. Се работи на прецизирање на причинителите, но како и да е ја користам приликава да упатам апел до сите граѓани да бидат внимателни и никаде никогаш да во текот на летото да не палат оган на отворен простор. Палењето оган од било кој мотив, дали да се зачисти доврот, понатаму земјоделците да ги зачистат своите стрништа, сточарите да ги исчистат своите пасишта некои да напарави скара или друг мотив, може да предизивка пожар со катастрофлани последици, како што на пример е пожарот на Исарот. Иако не е нанесена голема штета, сепак го унакази овој карактеристичен рид кој што се наога веднаш до градот. Апел и до граѓаните, доколку забележат разлабавени жици помегу бандерите, или евентално далеководи тоа да го пријават во ЕВН или на бројот за итни случаи 112-рече Ангелов.

Ангелов апелираше и сопствениците на викендички, стари и напуштени куќи навреме да ги исчистат и уште подобро изораат своите дворови. Според него, со тоа ќе се намали ризикот пожарите да се прошират до објектите и ќе се помогне во нивната заштита. 

Реклама

-Aпелирам до граѓаните кои што имаат викендици или стари куќи или полунапуштени во нашите преубави македонски села, кои што некои се од разбиен тип, да ги зачистат своите дворови и на тој начин многу ке ни помогнат, бидејки не знаеме кога и како ќе избие следниот пожар. При избивањето во места надвор од градовите, во близина на селата, постои голема можност огнот да дојде до овие полунапуштени села, кои што немаат жители или има по неколку возрасни лица. Доколку граѓаните ги исчистат своите дворови и ја искосат трева, уште одобро ги изорат или малку со мотика, на тој начин ке спречат палење на викендиците-вели Ангелов.

Тој додаде дека пожарот во општина Пробиштип е целосно изгаснат, а во неговото гаснење беа вклучени три ер трактори, како и Противпожарни единици од неколку градови и од Доброволните друштва од Кочани, Пробиштип и Виница. Ангелов се заблагодари и до граѓаните, кои вчера со својата земјоделска механизација помогнаа во пожарите во Штип и Пробиштип.