Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Соопштување на добитникот од четвртиот повик за доделување грант на конзорциуми во Македонија утре во Стопанската комора

Во Стопанската комора на Македонија утре од 11 часот ќе се одржи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Стопанската комора на Македонија утре од 11 часот ќе се одржи настан за доделување грант на конзорциуми во Македонија, како дел од активностите во рамки на одржлива конкурентност на бизнисите од Западен Балкан 6, на патот кон единствениот пазар на ЕУ, во соработка со Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ).

Повод е официјалното соопштување на добитникот на грантот од четвртиот повик, а ќе бидат презентирани и резултатите од претходните три повика во кои учествуваа конзорциуми од компании, средни училишта и факултети, за поддршка на процесот на набавка на опрема во училиштата за реализација на практична обука во самите училишта и во компаниите.

-Во четирите отворени повици, Регионалниот фонд за предизвици поддржува вкупно 17 проекти со 91 партнер претпријатие во Македонија во износ од 7,63 милиони евра. На четвртиот повик за предлог проекти, во сите шест земји од Западен Балкан, пристигнаа 187 пријави за интерес, од кои 14 беа од Македонија. Комисијата за избор, во согласност со расположивите средства во Фондот, одлучи да финансира еден проект од Северна Македонија со вкупен износ од 495,350 евра. Овие средства ќе се искористат за подобрување на инфраструктурата на образовна установа и за обезбедување обука на учесниците во програмите за кооперативно образование, соопшти Стопанската комора. 

Реклама

Како што најави Комората, на настанот ќе се обратат Бранко Азески, претседател на СКСМ; Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија во Македонија; Михал Харари, заменик шеф на мисија од Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија, Весна Јаневска, министерка за образование и наука на Македонија, Мориц Реме, директор на Канцеларијата на Германската банка за развој во Македонија и Косово, и Балша Чулафиќ, проектен координатор на РЦФ во име на Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан.

-Германската Влада и КФВ-банката со грантови го помогнаа дуалното образование во Македонија. Министерската Јаневска и претседателот на СКСМ, Азески, ќе им се заблагодарат ним и на Швајцарската влада за поддршката на процесот, се наведува во соопштението од Стопанската комора.