Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Привршува бербата на тутунот, годинава се очекува родот да тежи околу 20 милиони килограми

   Бербата на тутунот од годинашната реколта е пред самиот крај. Годинашниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

   Бербата на тутунот од годинашната реколта е пред самиот крај. Годинашниот род се очекува да тежи околу 20 милиони килограми и е нешто повеќе во однос на лани, а произведениот тутун е со одличен квалитет, уверуваат од Националната земјоделска мрежа. Иако климатските промени во последниве години земаат се’ поголем данок од земјоделието, сепак, годинава заради поволните температури во текот на октомври, тутунопроизводителите се надеваат на зголемени приноси.

 „Тоа што се’ уште нема паднато слана, ни оди во прилог. Добар дел од „горните раце“, кои обично остануваа необрани на нивите, годинава ќе бидат соберени. Нашите пресметки се дека од 2 до 4 милиони килограми ќе имаме плус набран тутун, бидејќи бербата може да трае се’ додека не падне слана и додека има тутун на нивите“, – ни изјави Диме Димитријески, претседател на УО на Националната земјоделска мрежа.

  Што се однесува пак, до престојните откупни цени, според Димитријерски, тие како Национална земјоделска мрежа очекуваат дека сега, со новата Влада, ќе бидат рамноправни партнери во креирањето и на цените, но и воопшто на иднината на македонското тутунопроизводство.

Реклама

 „Ние, како Национална земјоделска мрежа не отстапуваме од веќе добро познатите барања за измени на Законот за тутун. Тоа ни е еден од приоритетите, како што ни е приоритет и борбата за откупните цени да достогнат до 10 евра за кг тутун. А исто така, бараме и наше рамноправно учество во сите разговори и преговори со откупувачите и ресорното Министерство“, – појаснува Димитријески.

  Колку за споредба, ланскиот  откупен род тежеше нешто над 14 илјади тони наспроти очекуваните 26.000 тони, и беше речиси двојно помалку во споредба со прекланското произведство. Од Националната земјоделска мрежа се надеваат дека сега, со издржана аграрна стратегија,  тутунопроизводството во државава, а кое во последниве години бележеше сериозен пад, може да биде спасено.

Каролина Дурло