Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

На земјава и недостогаат 52 тимови за итна медицинска помош, за да се задоволи законскиот минимум

На Итната медицинска помош во Скопје, итно и треба помош. На Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Итната медицинска помош во Скопје, итно и треба помош. На Македонија и недостигаат дури 52 медицински тимови, само за да се задоволи законскиот минимум, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Скопје Тетово и Битола се во најзагрижувачка состојба.

Во Скопје, недостигаат 18 тимови за итна помош.Во Тетово, фалат 10 тимови за да се дојде барем до минимум потребните. По пет тимови им недостигаат на Куманово и на Струга. Законскиот минимум со тимови за итна медицинска помош го задоволуваат само неколку градови: Виница, Демир Хисар, Крива Паланка, Пехчево, Свети Николе и Штип, се вели во истражувањето на ЦГК.

Тоа што е страшно е тшо еден тим, составен од доктор, сестра и возач во некои места „покрива“ 1.000 луѓе, додека во други градови ист тим покрива дури 40.000 жители. Истражувањето покажува дека, за последните 8 години, на државно ниво има 22 помалку тимови за итна медицинска помош.

Реклама

Најслабо со кадар стојат Тетово, каде има еден вработен на 4.172 жители, по што следат Скопје и Куманово, каде има еден вработен на повеќе од три илјади жители.Слабата покриеност на теренот ја потврдуваат и искуствата на пацинетите.

„Просекот во земјата е 1.350 жители на еден вработен во службата за итна медицинска помош. Некаде има само по две, а на други места и по повеќе од 50 интервенции во една смена. Тимовите за итна помош работат во смени, најчесто во две смени по 12 часа или во три по 8 часа секоја смена. Но, освен во Скопје, каде има 9 тимови во една смена, во сите други градови има само по еден или два тима во една смена, освен Битола каде постојано има 3 тимови“, покажува истражувањето.

Само 11 здравствени центри имаат повеќе од миминалниот број. Најдобро стојат, Делчево, Македонска Каменица, Кичево и Кочани, каде што има дури по три или четири тимови повеќе отколку што е минимумот.

Ниту еден здравствен центар нема евиденција колку вкупно телефонски повици добива со барање за итна помош. Се знае само на колку повици одат. Оттука, не може да се дојде до можеби клучната бројка – на колку од повиците со барање за брза помош всушност доаѓа екипа, посочуваат од ЦГК.