По двомесечно одложување Европскиот парламент попладнево конечно ќе распарава за напредокот на земјава на патот кон ЕУ, но овојпат со само шест амандамни на предлог-резолуцијата на известувачот за Македонија во Парламентот, Ричард Ховит. Амандманите поднесени од четворица европарламентарци реферираат на делот од резолуцијата за добрососедските и меѓуетничките односи, спорот околу името со Грција, како и за деблокирањето на политичкиот процес по случувањата од 24 декември.