Градот го шири списокот на згради за кои планира нови фасади. Скопскиот градоначалник Трајановски бара од Советот- во соодветната програма да бидат вметнати и објектите на булеварот Илинден, плоштадот Карпошово востание и Кејот. Во образложението на предлогот кој советниците ќе го разлгедуваат на следната седница, стои дека потребата за овие градежни зафати е поради дотраеноста на фасадите на градбите на тие локации.