Според новиот дрес код се предвидува бел мантил да носат исклучително лекарите. Светло сино ќе носат медицинските сестри, болничарите сиво, а техничарите ќе бидат препознатливи по бордо боја. Медицинскиот песонал како што соопшти Тодоров, ќе мора да носи беџ за полесно препознавање, а строго забранети ќе бидат и приватните телефонски разговори во присуство на пациентите.