Овие двајца светители се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство. Свети Кирил кој пред да стане монах се викаше Константин, ги помина сите степени на тогашната наука. Брат му, пак, беше повеќе години управник на една област во струмичко.