Вратите на Скопското Кале, по подолг период се отворени за посетители. Во последните неколку месеци дури стана едно од најпосетуваните места во Скопје. И покрај ископините и трите објекти кои сеуште се градат, за домашните, а особено за странските туристи, Калето е најатрактивно место за прошетка и одмор. Според вработените на тврдината, кои секојдневно ги пречекуваат посетителите, велат дека гости доаѓаат од целиот свет.